Нова студија објавена во журналот Карбон баланс и менаџмент, покажува дека досегашните пресметки за производството на метан биле грешни за околу 11%. Иако стоката не е најголемиот извор на метан, честа ја има нафтената индустрија, тие се криви за "алармантниот раст" на концентрацијата на метан во воздухот.
Метанот е дел од издувните гасови и изметот на стоката, и иако ова е така од почетокот на нивното постоење, проблемот станува сериозен во изминатава деценија кога заради масовна глобална побарувачка на месо се отвораат мега-фарми низ цел свет, па на веќе постојните глобални играчи им се приклучуваат земји како Бразил, Индија и Кина. (На пример само на фармите во Бразил во секое време има околу 200 милиони говеда во секој момент.) Со вакво темпо на работа, производството на месо во земјите во развој во периодот од 1980 до 2002 се зголемува за 3 пати.
Студијата забележува дека ваквиот развој на сточарството не е најдобро евидентиран во извештајот на ИПЦЦ (Intergovernmental Panel on Climate Change) главната организација во светот за следење на загадувањето и климатските промени. Тоа што тие не земале предвид е дека не само што се одгледува 3 пати повеќе стока, туку дека истата е и од поголема сорта а нивниот измет во најголем дел се чува во огромни дупки, познати како лагуни, кои ослободуваат метан во воздухот.
"Во најголемиот дел од развиените региони, стоката се одгледува да биде поголема и попродуктивна, и тоа посебно кај кравите за молзење.
Како резултат на ова треба да се зголеми проценката за метанот што е емитуван од секое животно," објаснува за Вашингтон пост авторката на студијата, Џули Вулф.
Да не биде дека само месојадите ќе ја носат Земјата на душа, студиите покажуваат дека и земјоделството, на пример одгледувањето ориз, исто така придонесува кон количината метан во воздухот.
Уште нешто околу производството на месо: