Иако се уште ги сметаат за релевантно зло, кое стои зад добар дел од тероризмот низ светот, медиумите имаат нијансиран пристап кон објавите кои доаѓаат од Амак, полу-официјалната новинска агенција на ИСИС, и веќе подолго време се претпазливи на ваквите соопштенија на Даеш, терајќи по линија на „ИСИС ќе преземе одговорност за сè, дури и за урагани.“
Според се што се знае до сега, соопштението на ИСИС околу убиецот од Лас Вегас е лажно. Освен објавата тие немаат понудено ништо од стандардното портфолио докази што вообичаено ги проследуваат нивните напади: видео од мобилен од убиецот, како на лош арапски ветува верност на организацијата; или претходни селфија од него со нивна иконографија. Исто така фалат и видеа и слики од нишанот на убиецот од Лас Вегас. Во претходните напади ваквата мултимедија речиси во реално време беше објавувана од Амак.
Кога се во прашање напади на казина, Даеш и претходно има пуштено лажњак соопштенија околу учество во истите. Во јуни кога зависник од коцка почнува да пука и подметнува пожар во Ресортс ворлд казиното во Манила, ИСИС беа меѓу првите што се пријавија за преземање на одговорноста. Во соопштението беше наведена слична приказна како последнава, дека 42-годишниот Џеси Хавиер Карлос неколку месеци претходно преминал во Ислам без никому да му го каже тоа.
Ваков излет на Амак би бил сериозен удар за нивниот кредибилитет, а нема многу што да добијат од ова.
„Кога Амак објавува за некој напад, тој станува заложник на фактите што ќе се откријат во последователната истрага. Нивните симпатизери сега претпазливо навиваат за убиецот, ама дури и тие ќе бидат запрепастени ако (на пример) излезе документ кој открива дека тој не бил џихадист туку психопат христијанин, или ако се открие дека снајперското гнездо било преполно со еротски списанија и шишиња алкохол од мини-барот...
... Како што ќе излегуваат фактите, ќе видиме дали маскарот ќе биде потсетник дека Амак треба да се сфаќа сериозно, или дека нивните стандарди избегале од контрола,“ пишува Вуд.