Во времето кога полицијата на Лас Вегас ги вадеше последните бројки за жртвите, од преку пола свет стигна соопштение од ИСИС дека извршител на масакрот е „војник на Исламската држава“. Ваквото на ништо базирано тврдење беше надополнето со второ соопштение во кое се појаснува дека убиецот наводно пред неколку месеци преминал во Ислам.