Неспорно нашиот омилен и за нас најдобар ММА борец што некогаш се појавил, против една несфатлива ММА дивоградба со застрашувачки наивен изглед. Првиот е Фјодор, вториот е брат му Александар.
Два месеца пред атентатот во Далас, официјалниот убиец на Џон Кенеди се сретнал со висок офицер на КГБ, од одделот за саботажи и ликвидации, откриваат штотуку декласифицираните документи на ЦИА.
Додека чека ЕУ да се договори сама со себе да направи нешто околу пипка-трепка правилата за мигранти (каде стапне мигрант таа држава станува одговорна за него), на Италија и стана јасно дека е полесно таа директно да се договори со Либија.
По две војни кои се уште тлеат, стотици илјади убиени цивили, илјадници загинати американски војници и потрошени неброени милијарди долари, на Џорџ Буш помладиот му требаа само 9 години за да го рехабилитира својот имиџ.
Да не вадиме подлабоки равенства ама повеќе лични исповеди покажуваат дека Хитлер е сериозен вегетаријанец, а и овие новите безмозочници што се палат на него тргаат по ист пат.
Меѓу останатото Грузија има две работи во изобилие: лешници и проблеми со Абхазија. Лешниците му требаат на Фереро за правење Нутела, а проблемите со Абхазија никако не помагаат во ова. Ништо од ова не станува полесно со вклучувањето на ЕУ во приказната.
Откако се потпиша и Никарагва, на површина излезе едно необично перверзно сојузништво: САД и Сирија се единствените држави во светов кои не ја дадоа својата поддршка за парискиот климатски договор.
Еден од најмилитантните генерали на САД очигледно уште не може да им прости на Русите што своевремено го избламираа влегувајќи први на приштинскиот аеродром по косовската војна. Иако Обама на времето прописно го олади, некогашниот прв човек на НАТО повторно би да е фактор па оценува дека Русија е главната опасност. Не Северна Кореја, не ИСИС и тероризмот. Русија.
Не е тајна дека Илон Маск го сака Марс. Толку е опседнат со заминувањето таму што некогаш се чини дека дигнал раце од оваа планетава. Неговиот кломерцијален ривал, Ричард Брансон, мисли дека Маск треба малку да се спушти на земја.
Влезницата во „Клубот 400“ е зголемена за 18% од лани а секој од првите 10 си го накачил богатството за барем една милијарда долари. 24-та година по ред, орото го води Бил Гејтс кој денес тежи 8 милијарди долари повеќе од лани.
Изнервиран што му се мешаат во оружјето, републикански законодавец изготвил предлог закон со кој истото се бара и за новинари. Кој е без лиценца, може да биде новинар само по дома.
Австриската полиција казнила човек затоа што заради рекламирање на еден дуќан, бил маскиран во ајкула. По кој закон го казниле? По законот за забрана на бурки.
Не се работи за апокалиптично предвидување со библиски алузии. Бангкошката Содома и Гомора не се случува заради самиот блуд туку главно поради замивањето после него.
Компанијата која ја постави статуата на девојчето која му пркоси на мачо симболот на финансиската моќ, бикот на Вол Стрит, предизвика општо внимание кое сигурно ѝ годи. Но и едно посебно внимание, кое, не баш.
Во драматичен пресврт на досегашната пракса, производителите на цигари добија судска наредба да почнат да се рекламираат на телевизија и весници. Во уште подраматичен пресврт за самите производители, рекламите што ќе ги плаќаат треба да објаснуваат како тутунската индустрија лажела за штетноста од пушењето цигари.
Во времето кога полицијата на Лас Вегас ги вадеше последните бројки за жртвите, од преку пола свет стигна соопштение од ИСИС дека извршител на масакрот е „војник на Исламската држава“. Ваквото на ништо базирано тврдење беше надополнето со второ соопштение во кое се појаснува дека убиецот наводно пред неколку месеци преминал во Ислам.
Метанот е стакленички гас што е 86 пати поштетен отколку јаглерод-двооксид и по ново до неодамна сериозно сме потценувале колку многу го произведуваме. А го произведуваме по две основи: вадење нафта и гас, и одгледување стока.
Утехата на демократите е дека веќе е крајот на 2017 и се ближат меѓу-изборите за Конгресот во 2018, па за не така долго време "се додека успееме да избегнеме нуклеарна војна" претседателските избори во 2020 ќе бидат крајот на Трамп, пишува Пол Волдман во Вик.
Прв чекор: направи го патувањето со воз масовно и општо прифатено. Втор чекор: направи ги возовите да работата на струја (наместо на јаглен или други фосилни горива). Трет чекор: направи електрична енергија за возовите 100% да доаѓа од ветерници.
Во вторникот Саудиска Арабија со кралски декрет ја укина забраната за жени да возат автомобил, нешто кое во 2017 е неизмерно заостанато за цел свет а е неизмерно напредно за Саудијците.
Пишувајќи за француската владина програма за искоренување на тероризмот преку образование на ризични групи млади луѓе на тема историја, филозофија, литература и религија, новинарката на Атлантик ја раскажува приказната за родениот Французин кој стана дел од ал-Каеда.