На почетокот од годинава се актуелизираше веста за наводната афера на Трамп од 2006, иако Ин тач викли имаше интервју со Даниелс за ова во 2011. Аферата се рашири на сите страни од тоа дали се случило или не се случило, дали Даниелс добила пари или не добила пари, дали Трамп и платил да молчи или не. Целата работа уште повеќе ја комплицира еден од адвокатите на Трамп, кој призна дека и платил 130.000 долари на Даниелс ама не за молчење туку „за други работи.“ За ништо да не биде едноставно, Даниелс во октомври 2016 со адвокатот на Трамп потпишува договор дека нема да открива ништо за нејзината врска со Трамп, која на прво место никој не признава дека постоела.
Сето ова време Даниелс нема ни потврдено ни негирано ништо од ова, меѓутоа во понеделникот беше објавено дека таа го тужи американскиот претседател со цел поништување на договорот од октомври.
Вон правните натегања таа стана и подвижна мета за Твитер троловите на Трамп, чии забелешки се базираат на изборот на кариера на Даниелс, како таа да не е свесна што работела во последните 15 години.
Извадоци од битката на Даниелс со троловите: