Уште една индиска лудорија на Блаже

За да ја подигнат свесноста околу проблемот со трговија на луѓе, Блаже Аризанов и неговите индиски партнери покренале лажен веб сајт преку кој наводно можеш да резервираш девојка за една вечер, исто како што би резервирал соба за една вечер.

Сајтот имал понуда од дузина девојки со опис на нивните физички изглед. На сајтот www.staylaid.com било наведено дека некои од девојките го прават тоа доброволно а некои  се набавени од оддалечени краишта на Индија. И дека имаат решение за сечиј вкус и џеб.

И покрај ироничниот тон и останатите сигнали дека понудата не е автентична, за помалку од 12 часа добиле преку 2.000 регистрации од лица заинтересирани да рентаат девојка. 

„Таквиот одзив покажува тажна слика за свесноста на луѓето околу проблемите“ ни пишува Блаже но вели дека го радува тоа што нивниот хаштаг #stopwomentrafficking станал трендинг на индискиот Твитер а нивната герила акција стана глобално вирална.

За приказната и мотивите зад неа извести Ројтерс, а пишуваа и медиуми од Саудиска Арабија, Пакистан, Италија, Индонезија, Тајван, Турција и сите можни национални канали во Индија.

*******
https://www.cnnturk.com/dunya/eskort-sitesi-tuzagi-saatler-icinde-binle…

https://dailypakistan.com.pk/05-Apr-2018/759730

http://www.taipeitimes.com/News/world/archives/2018/04/06/2003690796

http://saudinew.tk/2018/04/04/fake-indian-website-offering-girls-for-ev…

http://lepersoneeladignita.corriere.it/2018/04/04/india-un-finto-sito-w…

Индија има сериозен проблем со трговија на луѓе (во 2016 пријавени 8.000 случаи, бројот на непријавени е далеку поголем).

Луѓето треба да знаат за тоа.

Блаже, job done.

****

Види и друго

 

7 април 2018 - 08:30