Прамила Џајапал која кариерата ја гради и минува во борба за права и рамноправност на жените смета дека не е страшно тоа што луѓе се плашат од движењето „ако некој се плаши остави го нека се плаши.“
За време на една неодамнешна дискусија за нејзиното искуство околу #MeToo, Џајапал ја објаснува потребата од имање контра-реакција и забелешки на сопствените позиции:
„Секое движење мора да има јуриш - па потоа контра-реакција, па јуриш, па уште една контра-реакција. Како организатор ја знам дека за нешто да напредува, понекогаш мора да се однесе до екстремност, и потоа следува ресетирање при кое не добиваш се што си посакал. Ама ако си некој што никогаш не ни вршел притисок, тогаш само ќе имаш чекор наназад. И така се спроведуваат промените, и јас не мислам дека тоа е лошо нешто.“
За Леа Феслер од Кварц, теоријата на Џајапал дека постојаните контра-реакции ги присилуваат движењата да ги реевалуираат своите позиции, да постигнат компромис и да ресетираат, „не е слепа надеж, туку реализам.“
„Да се претпостави дека кое било движење од својот почеток е совршено организирано или замислено, само ги парализира луѓето кои треба да имаат корист од неговиот успех.
Суровата реалност е се додека секој моќен маж од секоја индустрија чувствува дека мора со време и ресурси да застане зад борбата против сексуалното малтретирање, ниту #MeToo ниту #TIMESUP или кое било друго движење ќе успее целосно да стави крај на половата дискриминација. Ова не значи дека феминистичките стандарди треба да бидат спуштени, или нивните аспирации на кој било начин да се компромитираат.
Туку се сведува на ова: како што Џајапал јасно кажа, без критика има малку стимул за преиспитување дали тоа е целосниот капацитет – и ефикасност – на стратегиите и нивните перспективите,“ пишува Феслер.