Два месеца по ред, бројот на убиства во Лондон е поголем од оној во Њујорк. Лондонската полиција деновиве го забележи 30-тото убиство во градот од почетокот на 2018 година а за само 6 дена (од 14 до 20 март) животот насилно го изгубиле 6 жители на Лондон, сите под 30 години.
Њујорк и Лондон своевремено зрачеа многу различно ниво на безбедност zа своите граѓани (во полза на Лондон), но јазот со години се намалува.
Њујорк во 1990-та година забележал 2.000 убиства но благодарејќи на упорната политика за "нула толерантност" на њујоршката полиција, лани во градот се случиле само 230 убиства.
Крим-статистиката вели и дека човек во Лондон има 6 пати поголема веројатност да му биде ограбен домот отколку на оној во во Њујорк, 150% поголеми шанси да биде опљачкан на улица а пријавите за силување се трипати побројни отколку оние во американската метропола (иако постојат разлики во дефинирањето на делото).
Лондонската полиција најави вработување на 100 нови полицајци за справување со насилниот криминал во градот.