Калифорниски суд донесе одлука околу 90 компании кои се бават со трговија со кафе, меѓу кои најпознат е ланецот Старбакс, во иднина да ги предупредат корисниците на зголемен ризик за рак. Судот вели дека компаниите не успеале да докажат дека хемикалиите кои се произведуваат во текот на печењето на зрната се безопасни.
Фирмите имаат право на жалба до 10 април а од националната асоцијација на кафеџии велат дека ваквата одлука е контрадикторна со општите правила.
Предупредувањата за рак ќе бидат збунувачки. Во важечките владини упатства за исхрана, државата наведува дека кафето може да биде дел од здрав начин на живот“, вели асоцијацијата.
Главно-осомничен е акриламидот, нус производ кој се добива при печењето на кафето.