Организаторот насилството го има рангирано во 8 категории за кои се добиваат поени:
- 10 поени за вербален напад на муслиман.
- 25 поени за тргање шамија од глава на „жена“ муслиманка (наводниците се на авторот на писмото).
- 50 поени за фрлање киселина во лице на муслиман.
- 100 поени за претепување на муслиман.
- 250 поени за измачување муслиман со струја или дерење кожа.
- 500 поени за касапење муслиман со пиштол, нож, возило или друго средство.
- 1000 поени за палење или фрлање бомба на џамија.
- 2500 поени за фрлање нуклеарна бомба врз Мека.
По основа на поените организаторот вети дека ќе се делат награди.
И по дваесетина дена од испраќањето на писмото до повеќе муслимани низ земјата британската полиција се уште нема претстава кој го има испратено писмото, но за секој случај ги предупреди граѓаните да бидат внимателни.
Подеднакво не е јасно ни како е избран 3-ти април.
Во писмото се напаѓаат и Британија, САД и држави низ Европа кои дозволиле да бидат примени муслимани бегалци, чија цел авторот смете дека е „да ни наштетат и да ги претворат нашите демократии во полициски држави управувани според шеријат.“
Според пописот од 2011, нешто малку над 4,4% од популацијата на Велика Британија се муслимани, или околу 2,7 милиони луѓе, претежно населени во Англија и Велс. На претходниот попис од 2001, бројката е 1,55 милиони.
Њујорк тајмс пренесува статистики на британското министерство за внатрешни работи, според кое како што како што расте муслиманската популација, така расте и стапката на криминал во Англија и Велс. Според нивни бројки во 2016-17 имало 80.393 прекршоци, споредено со 62.518 во 2015-16, раст од 29%.
За сега се уште не е пријавен ниту еден инцидент.