Победници на годинешните избори во Италија беа популистите од Движењето 5 ѕвезди и десничарите од анти-имигрантската Северна лига.
„Херојот“ за кој што зборуваме доаѓа од Северната лига, има 64 години и се вика Тони Чике Ивоби. И како што се гледа од неговото семејно име тој е имигрант, и тоа имигрант од Нигерија.
За неупатените Северната лига се залагаше за отцепување на северна Италија од остатокот од земјата, за подоцна од сецесионисти да се ребрендираат во националисти со значителен акцент на борба против имигрантите. Токму крајот на имиграцијата е едно од ветувањата што Лигата го даде на митингот во Спирано.
Што се однесува на Ивоби, човекот доаѓа во Италија на 20-годишна возраст, таму учи сметководство, се жени и почнува да живее во Спирано. Позициите на Ивоби се во линија со неговата партија, за сите теми, а што се однесува на критиките неговиот став е дека генерално тој не е имигрант, за што како доказ го нуди своето резиме „25 години има работено во градското собрание и е еден од првите челнови на Лигата во Спирано.“ Меѓу неговите достигнувања е и дека тој го има донесено градоначалникот на Спирано во Лигата.
Комплицираноста на неговиот статус и идеологија Ивоби ја објаснува на следниот начин:
„Италија треба да го елиминира статусот на хуманитарна заштита и политиките на субвенции за луѓе кои не се квалификувале за политички азил.
Ние треба да сме отворени само кон вистински бегалци и да ги депортираме оние што не се квалификуваат, без разлика дали со билатерални договори или со враќање во морето.“
Од меѓународна политика тој исто така е за намерата на францускиот претседател да се врши проверка на барателите на азил од африканските земји, пред тие воопшто да тргнат преку Медитеранот.
Ивоби е првиот човек со африканско потекло кој успеал да стане италијански сенатор.