Разно

Како тоа белците се иселеници, а луѓето од сите други бои се имигранти?

По дефиниција, иселеник е човек кој привремено или трајно живее во држава која не е негова според раѓање, ама во пракса никогаш не сме слушнале вест со „Во Медитеранот потона брод со иселеници.“

Колонијализам, силата што го измести еколошкиот баланс на планетата

Како што колонијализмот го богати западниот дел до Европа, а Африканците кои не беа масакрирани во негово име во најдобар случај завршуваа како робови, така истиот процес успева да го измени самиот состав на планетава, тврдат за Гардијан двајца британски научници.

Милијардерите не треба да донираат пари, треба данок да плаќаат

Големата филантропија е дефиниција за влијанието на плутократите (плутократија - владеење на богатите) врз демократијата, практикување на моќ од страна на богатите која не е под ничиј надзор, не е транспарентна, насочена e од донаторите, нема крај и добива даночни субвенции, порачува професорот од Станфорд и прв човек на Центарот за етика во општеството, Роб Рајх.

Баз Олдрин вс. родените деца

Еден од најинспиративните ликови на човештвото, вториот човек што стапнал на Месечината, Баз Олдрин, моментално е сред еден крајно неинспиративен процес - се тужи со сопствените деца.

С-400 во замена за пари и раздор

Иако ракетниот систем С-400 никогаш не е употребен во борба, Русија успева истиот да го продава по страшно висока цена и тоа на држави кои стандардно се сојузници на САД.

Дејвид Линч: Трамп може да биде еден од најголемите претседатели во историјата

На Доналд Трамп му доаѓа убаво кој било од Холивуд да го пофали, не па еден од култните фигури на филмската уметност. Дејвид Линч во актуелниот претседател гледа потенцијал да стане еден од најголемите претседатели кои САД воопшто ги имале. Оние што се ежат на Трамп викаат дека ваквата изјава на Линч му ја разбираат колку што му ги разбираат филмовите.

Што е постаро, популистот или проблемите?

Тоа што по изборот на Ердоган ќе се истуриш од навреди за турскиот електорат нема да го донесе посакуваниот ефект. Вината е кај демократските институции, пишува колумнистот на Гардијан, Сајмон Џенкинс.

Борбата против ИСИС, или како да убиеш 70 терористи со авиони од 2 милијарди долари

Б-2 е еден од најневеројатните и најнапредни стратешки бомбардери на светот кој е создаван со цел да послужи во случај на нуклеарна војна со СССР. Дваесетина години од неговото воведување во служба, бомбардерот, кој заради цената е произведен во 21 примерок, доби задача да разбие збирштина од терористи сред пустелија.

Зошто Сорос паничи околу иднината на Европската Унија?

Кон крајот на мај милијардерот Џорџ Сорос излезе со мрачни пророштва за ЕУ, порачувајќи дека „сè што можело да тргне на лошо за ЕУ, веќе тргнало.“ Од Блумберг сметаат дека предупредувањата на Сорос се типични за „Европа е во опасност“ школата.

Клучни луѓе од Кембриџ аналитика работат на Трамп 2020?

Откако првоборците на Кембриџ аналитика уште пред некој месец глатко се префрлија во друга компанија што ја основаа минатата година, сега и остатокот од поставата се снајде за идни ангажмани.

Чуму ова брзање на Грција?

Откако победоносно изјави дека проблемот со Македонија е решен, шефот на грчката дипломатија изјави дека преоѓа на оној со Албанија и дека „нема да оди на одмор додека и тоа не биде решено“. Не дека на Грците им гори баш за утре задутре, ама во влијателните кругови на ЕУ, на чело со Јункер, зрее идејата дека консензусот како начин на донесување одлуки е пречка за нејзината ефикасност. Па да не дојде ден она фамозно право на вето да не вреди ни пет пари.

Тврдината Европа не се создаде сама, сите помогнавме

Требаше 300 имигранти да се удават во близина на Италија, во октомври 2013, за европските политичари да се ужаснат околу страдањата на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа. Во 25-те години пред ова се проценува дека најмалку 20.000 луѓе загинале обидувајќи се да стигнат до брегот на стариот континент.

Европа мора да најде начин да работи со популистите

Пред две години во интервју за Ле Монд, Жан-Клод Јункер изјавува: „со крајната десница не е возможна никаква дебата или дијалог.“ Пред некој месец на чело на една од најголемите економии на Унијата дојдоа токму крајно десните.

Романија, под хауба

Со оглед на нивната стартна позиција, ретко која земја имаше повеќе бенефит од интегрирањето во ЕУ од Романија. Стигнаа пари, стандардот се подобрува, но приказната има и друга страна: милионско намалување на населението, 40% од учениците им се функционално неписмени и слично. Накратко, добро е ако си во некој од големите градови. Надвор од нив е гола сиромаштија.

За училишта со КП дом дизајн

По последниот училиштен масакр во Тексас, наместо поставување на вистинските прашања, таму повторно се отворија дебатите за дизајнот на американските училишта. Те имале премногу прозорци, премногу влезови, те немало доволно бришан простор за навреме да се пука кон напаѓачот. И стварно, затворине што убаво се смислени.

Корупцијата како главен проблем на ЕУ

Падот на шпанскиот премиер и новата коалициона италијанска влада соствена од популисти од двата краја на политичкото миље ја зголемува загриженоста за нова нестабилност на Европа. „Еден фактор е во двата случаи: корупцијата“, пишува Аксиос.

Каде одат тоа колите, а и ние со нив?

За 30 години ќе има 85% помалку автомобили отколку што има денес. Ама затоа бројот на часови поминати во автомобил ќе биде 400% поголем. Како тоа? Помислете каде во овој момент се наоѓа вашата кола. Чмае некаде паркирана. Зошто? Затоа што нема кој да ја вози. Тука сме.

Апчињата се оградија од Розен Бар

За глупиот твит поради кој изгуби работа, Розен Бар проба да се оправда дека го пишувала додека била на апчиња за спиење. Производителот на тој лек се јави и кажа дека напад на акутен расизам не е меѓу нус-ефектите на тој производ. 

ЕУ забранува цевчиња за сок и пластични лаживчиња

Европската комисија предлага забрана на десетина пластични производи за кои вели дека прават 70% од европското ѓубре. Аут оди прибор за јадење, чинии за пикници и родендени, чашки за кафе, цевчиња за сок, чепкалки за уши и слични евтини удопства за еднократна употреба. Ќе растеме нокт на мал прст.

САД ги испогуби мигрантските деца

САД изгубиле секаква трага од речиси 1.500 имигрантски деца кои лани биле смесетени во згрижувачки семејства. За само 28 од нив се знае дека намерно избегале од новите домови, за останативе не се знае ама баш ништо

Како нè прелажаа дека треба како поединци да се бориме против климатските промени

Ако индивидуата може да направи едно нешто за спречување на климатските промените тоа никако не е да рециклира, туку да се здружи и колективно да почне да врши притисок врз корпоративната моќ.

Митот за 99%

Што се однесува на поделбата на богатството општиот впечаток и уверување меѓу Американците е дека државата е поделена меѓу 1% кој поседува значителен дел од парите во земјата, и 99-те проценти или „луѓето“. Иако не го спори ова, Метју Стјуарт од Атлантик лицитира околу процентите.

Гледај го Џорџ Буш за да видиш како Трамп ќе биде помилуван од историјата

За тие што ги абат тастатурите уште од времето на Буш помладиот комплетно неверојатно изгледа целата ревизија што периодов се прави на ликот кој беше прогласуван за најлошиот и најнеквалификуваниот претседател на САД, претседателот чија интелигенција беше тема на општ потсмев, и претседателот кој ги постави основите за Гвантанамо, измачување затвореници и масовно прислушување како дома, така и низ свет, елементи кои пак некако успеаа да опстанат и една деценија по него.

Британија во здрав мозок

Британската влада во јули ќе биде домаќин на самит на тема зошто останатите земји од Европа ТРЕБА да ѝ се приклучат на Европската Унија. Британската влада!