Школскиот борд кој ги регулира стандардните тестови во американските средни училишта најави значајна промена во тестовите по историја. За да им се олесни материјалот на младите, решиле светската историја да не биде она што значи: историја на целиот свет, од најраните сознанија до денешно време, за сите луѓе, за сите периоди. Не, воднина светот ќе започнува со зачнувањето на Колумбо, поточно од 1450-та година.
Древна Кина, Месопотамија, Вавилон, Рим, Грција, Мрција, ништо од тоа. Како новите тестови ќе се одразат на наставата треба допрва да се дознае бидејќи детали за најавените планови ќе бидат обелоденети овој месец.
„Ако почнувате во 1450 година, прво што ќе слушнете за Африка е трговијата со робови, прво што ќе слушнете за Америка се умирањата од сипаници, за Кина ќе пропуштите илјадници години фасцинантна историја и култура а територијата на Месопотамија ќе ја знаете само какоа пашалук на Отоманската империја“, вели една американска професорка по историја која порано била одговорна за овие тестови.
Ако ништо друго, последната глупост на американскиот Колеџ борд ни служи како потсетник дека нашата манија за тестирање е најголемата пречка во образованието на оваа земја, вели Метју Валтер во The Week.