„Тој би можел да остане запаметен како еден од најголемите претседатели кои сме ги имале во историјата бидејќи драматично ги поремети работите. Никој не може да му парира на интелигентен начин. Нашите таканаречени лидери не знаат да ја помрднат земјата напред, не умеат ништо да сторат, како деца се. Трамп сето тоа го разоткри“, оцени режисерот на Твин Пикс, Блу Велвет, Мулхоланд Драјв, во интервју за Гардијан.
Ваквата неочекувана оценка веднаш стана вест кај Брајтбарт и медиумите од таа галаксија а и Трамп се пофали, бидејќи Холувуд се смета за еден од неговите најголеми непријателски бастиони.
Инаку Дејвид Линч по политичка линија спаѓа во демократскиот круг и гласа за Берни Сандерс. Вели дека и ако Трамп сега не ја врши работата најдобро што може, тој со своето делување отвора простор во кој би можеле да влезат некои други политички аутсајдери.
Ќе биде интересно на некоја следна прес конференција да го прашаат Трамп кој му е омиленииот филм од Линч и ако може, накратко да каже за што се раскажува.