Шведска во пламен

Во целата таа бајковитост, летово успеа да ја открие Ахиловата пета на Швеѓаните и општо Скандинавија. Цел тој општествено социјален рај да не ти бил подготвен за суша и пожари.

Да сме реални Скандинавци да стравуваат од суша е исто како кој било на светов да стравува од змаеви, ама таквото равенство и не им многу од утеха на Швеѓаните кои се соочуваат со најлошата суша во изминатите 74 години, откако речиси цела сезона не им заврна ниту еден дожд.

Како последица на ова Шведска се соочува со десетици пожари, па изминативе денови земји како Италија и Франција ги испратија своите противпожарни авиони за да помогнат во гасење на пожарите на северот на Европа (реченица ко од сценарио на ТЛН).

Жителите на четири окрузи од средна на Шведска (Гавлеборг, Јамтлнад и Даларна) се евакуирани заради 44-те пожари кои беснеат во нивна околина. Најголемиот пожар е во Јамтлнад и зафаќа површина од 2500 хектари.

До сега во пожарите се изгубени околу 20.000 хектари шума, во нормални години од пожари во Шведска страдаат околу 2.000 хектари шума.

На сушата и претходеше сериозно студена зима заради која пасиштата не успеаа доволно да родат за хранење на тамошната стока. И покрај итниот извоз на сточна храна, сточарите почнаа со колење на говедата и овците за да се избегне смрт од прегладнетост.

 

Слична сушна и топла сезона ги снајде и околните Норвешка, Финска и Русија. Во руски Мурманск, инаку во близина на Арктичкиот круг, во четвртокот беше 32 степени Целзиусови, што е 17 степени повисоко од просекот. Во норвешки Бардуфос во средата беше 33,5 степени Целзиусови.

За сега се уште нема најави за скорешни значителни врнежи на дожд.

20 јули 2018 - 12:21