Откако ја формира новата компанија Дата Проприа, еден од поранешните членови на КА, Мат Очковски, изјавил дека заедно со менаџерот на кампањата на Трамп, Бред Парскал, работат за изборите 2020.
Запрашан за повеќе детали, Очковски негира поврзаност со кампањата на Трамп, туку објаснува дека неговата компанија се согласила да работи за републиканската партија за изборите 2018.
Веста за ангажманот на Дата Проприа ја објавува Асошиејтед прес, врз основа на разговор на Очковски што бил начуен од двајца новинари на агенцијата. АП од свои извори потврдила дела компанијата започнала работа на кампањата за Трамп 2020 во рамките на она што Кембриџ аналитика го работела во 2016.
Дата Проприа е формирана на 1 февруари 1980, и за сега тројца од десетте вработени се поранешни вработени на Кембриџ аналитика. Дејност на компанијата е таргетирање на гласачи и потрошувачи.