Позицијата што Рајх ја застапува во книгата „Just Giving: Why Philanthropy Is Failing Democracy and How It Can Do Better,“, е: „Филантропијата на богаташите е практикување на моќ, а во демократијата секоја форма на концентрирана моќ заслужува остар надзор, а не благодарност.“
Разликата меѓу денешната филантропија и онаа од пред стотина години, и што денес сите со заљубеност гледаат кон потезите на богаташи како Бил Гејтс или Марк Закерберг, кои ветија дека огромни делови од своето богатство ќе ги дадат во добротворни цели. Наспроти ова, Карнеги, Рокфелер и слични богаташи од почетокот на минатиот век биле сериозно осудувани како од јавноста така и од политичарите за формирање на своите филантропски фондации, кои притоа им овозможуваат и да не плаќаат данок.
Рај идентификува 5 проблеми со фондациите на богаташите од Силициумската долина:
- Прво, големите фондации не одговараат пред никого. Тие не одговараат ниту пред гласачи, ниту пред пазарот.
- Второ, тие не мора да бидат транспарентни. Тие поднесуваат еден даночен формулар. Симон фондацијата од 8 милијарди долари нема ни своја веб-страна.
- Трето, нив ги насочува донаторот. Вработените - луѓето на терен - не можат да ја одлучат мисијата на организацијата.
- Четврто, намерата на донаторот мора да биде почитувана дури и ако тој умрел. Општествата растат и се менуваат, меѓутоа мисијата дефинирана од креаторот на фондацијата останува нејзина мисија до бескрајност.
- Петто, фондациите се субвенционирани со данок. Како што објаснува Рајх „тие го имаат симнато својот даночен товар на најниско можно ниво, па продолжуваат и понатаму и прават приватна фондација за што добиваат дополнителни даночни олеснувања.“ Потоа со парите кои инаку би завршиле кај владата, каде има барем номинална демократска контрола врз приоритетите за трошење, филантропите ги користат средствата за која и да е социјална цел што решиле да ја поддржат.
„Наместо да сме неизмерно благодарни кон најголемите филантропи меѓу нас како кон некои икони на граѓанско милосрдие, ние треба остро да ги контролираме и да ги критикуваме. Не затоа што филантропијата е неизбежно лоша, туку затоа што таа е практикување на моќ,“ порачува Рајх.