Разно

За грст ореви

Поентата на криминалот е на што е можно полесен начин да заработиш пари, а не цел живот да ргаш за парче леб. Ова што го прават Кинезиве нема ни поента ни смисла.

Дали Најк ќе мора да ги откаже хероите?

Целата маркетинг стратегија на Најк се базира на три точки: 1. логото, 2. спортски херои и 3. претворањето на рекламите во вест која потоа самата се рекламира. Во последно време втората точка им прави невидени проблеми.

Метеорити го рокаат Урал

За првите видео снимки се мислеше дека се интернет измама ама потоа се намножија извештаи дека метеорити сериозно удриле во руската област Урал. Контроверзни извeштаи околу штетите, тврдат дека стотина лица се повредени. Еве како изгледа тоа.

Рудници и астероиди "Злетово"

Затоа што состојбата со ресурси на Земјата е ограничена, односно човештвото побрзо троши отколку што планетава може да создаде, сега чарето ќе го бараме во рударење на ресурси од астероиди што минуваат покрај планетава.

Феноменално некоректното минато на Британија

Архивот на Лидс потроши неколку месеци на каталогизирање на стотици "карти за регистрација на илегалци" стари повеќе од 100 години. Иако сето тоа е пеколно незабавна чиновничка работа, содржината на овие картички нуди шареноликост од навреди.

Земјата се закрпува

Конечно некоја добра вест на тема екологија: озонската дупка над јужниот пол се намалува. Моментално е најмала во последниве десет години.

Друштво на откопаните поети

Близу 40 години по смртта, Чиле планира да го откопа бардот на латиноамериканската поезија Пабло Неруда и да ги провери контроверзните приказни за неговото заминување.

Аргентина забрани рекламирање

Објаснувајќи го како една од мерките против растот на цените и последователната инфлација, аргентинската влада воведе забрана за купување и објавување на реклами.

Руски страв од кинеската змија

На вечната дилема "змија или магаре," рускиот одговор недвосмислено би гласел - магаре! Русија толку пати во историјата се има изгорено од годината која по кинескиот хороскоп е во знакот на змијата, што нејќат да ја видат. А им почнува денес.

Како не треба да се вози низ Москва

Главна карактеристика на сообраќајот низ Москва се руските (камикази) возачи и камерите на шалт таблите. Нормално, периодов сето ова е надополнето со мнооогу снег и замрзнати патишта.

Кина, џинот на светот

Кина за прилично кратко време успеа да стане втората по големина економија во светот. Најголемиот дел од овој успех се должи на евтината работна сила и производството од џиновски размери.

Како изгледа смирувањето на фавелите во Рио

Додека останатите служби работат на градење на Рио Де Жанеиро, полицијата работи во неколку смени на смирување на нарко-картелите и расчистување на фавелите од криминал.

Дали сте подготвени со јадење да го заработите својот појадок

Ресторан во Британија има масовна кладба со сите муштерии - изедете го појадокот што ви го даваме и ништо не мора да платите. Појадокот тежи 4 кг и 6.000 калории.

Москва во најснежната зима во последните 100 години

Кај нас времето е ненормално во смисла што се однесува како за некој ден да ќе биде 2-ри мај, во Русија времето е ненормално во смисла што во Москва до сега има паднато 2 метра снег.

Ужасната страна на некористење најлонски кеси

Забраната за користење на најлонски кеси (низ повеќе градови во земјата) по неколку години се претвори во вистински здравствен кошмар за САД.

Девојката која прерано стана милијардерка

Има 30 години, милијардерка е, во слободно време се трка со автомобили, плус нејзината компанија ги прави едни од најдобрите хамбургери во САД.

Показна вежба: Твитер + маркетинг + креатива

Само неколку минути откако на Супер Боул се случи крајно неочекуваното снемување на струја, Орео (компанијата за колачиња) успеа да извади на Твитер реклама на темата и доби милиони долари во бесплатна реклама на најскапиот ден на маркетинг индустријата.

За што се пишман девојките

Првата работа за која најмногу се каат за некој дечко што им бил за една вечер (77%), втората работа за која најмногу се каат девојките е некоја од минатите врска (72%).

Битка за името

На едните им е ужасно битно да го задржат името, на другите исто толку битно да го освојат името. Милион луѓе ваму, милион таму – крв до колена. Сталинград, пред 70 години.

Расизмот го уби кокаинот во Кока-кола

Инспирацијата за Кока-кола доаѓа од пијалакот на еден француски хемичар кој комбинира кока и вино. Американците прават своја верзија, во која заради прохибицијата виното го заменуваат со пченкарен сируп и добиваат Кока-кола. Неколку години подоцна тие мораат да го извадат кокаинот од пијалакот, не заради прохибиција, туку заради расизам.

Кина почна да продава воздух во лименки

Откако загаденоста на воздухот во Кина достигна нивоа кои што се надвор од сите граници на мерење, на пазарот се појавија лименки полни со свеж воздух.

Зимбабве има уште 217 долари

Откако минатата недела им ги исплати платите на вработените во администрацијата, Зимбабве на сметка во банка има само уште 217 долари.

А во градот дупка

Неколку згради и дуќани во кинескиот град Гуангџоу, пропаднаа во земја, откако под нив буквално се отворила дупка.

Луѓето се чума на Земјата

Тргнувајќи од една филозофија според која луѓето во основа не треба да ја спасуваат планетата, туку треба да гледаат себе си да се спасат, бидејќи Земјата како и да е ќе продолжи да постои, Атенбороу порача - ние сме чумата на Земјата.