Во заборавениот стан во Париз

На самиот почеток од Втората светска војна сопственичката на станот бега од Париз и се преселува на југот на земјата. Таму умира на 91 година. Во меѓувреме ниту се враќа во Париз, ниту пак некој стапнува во станот. Се до пред некое време.

По отворањето на станот, експертите треба да направат попис на сите предмети во него, меѓу кои имало и уметничка слика од 19-от век од италијанскиот уметник Џовани Болдини.

"'Како да влегуваш во замокот на заспаната убавица, каде што времето стои уште од 1900-та,' изјавил еден од експертите, Оливие Шопен-Жанври, човекот кој ја пронашол сликата."

На сликата е една убава Французинка, за која заклучиле дека е музата на Болдини, Март Де Флориан, француска актерка од Бел Епок, инаку баба на сопственичката.

Бидејќи во досегашните записи сликата никаде не била заведена и во прво време не знаел од каде е, Шопен-Жанври сосема случајно погодил дека е Болдини откако нашол негова визит-карта во станот. Потоа во една книга на вдовицата на Болдини нашол референца за сликата, во која се објаснува дека таа е направена во 1898-ма, кога Де Флориан имала 24 години.

Март де Флориан имала голем број жестоки обожаватели, чии чести љубовни писма ги чувала педантно спакувани и се уште се наоѓале во станот кога тој бил отворен.

Меѓу обожавателите, освен Болдини бил 72-от премиер на Франција, Жорж Клемансо.

Почетната цена на сликата била 300.000 евра, меѓутоа на аукцијата на која 10 луѓе наддавале за неа, била продадена за 2,1 милион евра.

Во станот биле откриени и други уметнички дела и предмети од тоа време, меѓу кои и еден Мики Маус.

Станот се наоѓа во 9-от округ, помеѓу црвената зона и Операта.

13 мај 2013 - 12:03