Од британскиот Форум за сексуална едукација бараат порнографијата да биде предавана во смисла на "медиумска писменост и преставување, полово, сексуално однесување и слика за сопственото тело."
- За почеток тие предлагаат дека децата уште на 5 годишна возраст треба да учат како "фотошопирањето" во медиумите создава нереалистични очекување.
- Во лекциите за сексуално образование за 11-годишните ученици треба да има и дискусија за опасностите од испраќање на сексуални пораки или слики преку телефон.
- Учениците на 14 години треба да учат дека порнографијата е глумење и дека не е вистинска, дека "сексот и изгледот на телата (во неа) најчесто се нереалистични."
Авторите на предлогот објаснуваат дека неговата цел е да се "понуди фактички точна информација и можност за безбедна дискусија која одговара со возраста на детето."