Секој ден низ кампусот на Гугл во просек се возат околу 700 велосипеди од 1.300-те што вработените ги имаат на располагање.
И додека мнозинството од вработените го користат платениот превоз со минибуси, околу 7% од вработените секој ден од Сан Франциско до Маунтаин Вју доаѓаат на работа со велосипеди. Ова е 67 километри, во еден правец. Дополнително, сите минибуси се "бајк-френдли" и имаат место за товарање на велосипедот, за оние вработени кои не можат да ја издржат целата патека, и сакаат да возат барем еден дел.
Кога ќе стигнат на работа, велосипедистите на располагање имаат соблекувална, туш, паркинг за велосипедите и точкар во случај да имаат некаков проблем.
Низ самиот кампус постојано може да се забележи група луѓе на велосипед, а според луѓето кои ги одржуваат службените велосипеди, секој од нив минува по околу 1.610 километри годишно.
Овие велосипеди никогаш не се заклучени, ниту пак имаат систем за следење. Заради ова тие завршуваат насекаде низ областа, а дел од нив се имаат појавени и на Крегслист, за продажба.