Затоа што би го направило возењето велосипед побезбедно за сите
За разлика од кај автомобилите, колку повеќе велосипеди има на улиците, толку станува побезбедно за велосипедистите. "Ова е круг. Веројатноста дека некој велосипедист ќе биде удрен од автомобил / мотор... се намалува со зголемување на бројот на велосипедисти. А колку побезбеден почнува да се смета велосипедизмот, толку повеќе луѓе се подготвени да се качат на велосипед."
Претерано е поевтино од возењето автомобил
Според американски бројки (и цени на бензин) заради растот на цената на бензинот и поскапувањето на пневматиците, трошокот за поседување автомобил во 2012. пораснал за 2% и изнесува 8.946 долари годишно.
Во истиот период, трошокот за одржување и возење велосипед изнесува 308 долари годишно, речиси 30 пати помалку.
"Ако американските возачи направат само 4 милји (6,4 км) неделно со велосипед наместо со автомобил, тие би заштедиле 7,5 милијарди литри гориво, или (по американски цени) 7,3 милијарди долари годишно."
Бесплатна вежбална на тркала
Во просек луѓето кои возат велосипед на работа, слабеат по 6 килограми во првата година.
"Велосипедизмот е многу ефикасна кардио-васкуларна вежба. Ако сте дебели или започнувате програма за вежбање, понекогаш тоа е потешко за вашите зглобови заради тежината... па активности како пливање или велосипедизам кои не прават голем притисок на зглобовите, може да бидат добра работа."
Нема ни да ви текне на утринските гужви
Американците минуваат 25 минути на ден патувајќи до работа и повеќе од 700 долари годишно трошејќи бензин во колона.
"Половина од вработените во САД работат на 8 километри или помалку од дома. Ова е оддалеченост на која со велосипед се стига за пократко или исто време како со автомобил."
Добро е за коските на жените
Со годините, жените се повеќе стануваат подложни на проблеми со коските, пред се преку остеопороза.
Тим на истражувачи од Шведска откриле дека средовечните жени било помалку веројатно да имаат повреди на зглобовите ако редовно користеле велосипед или учествувале во други физички активности како одење.
Ќе се заштедат милиони на здравствена заштита
"Најважното социо-економско влијание на велосипедизмот е во областа на здравствената заштита," објаснува претседателот на Лигата на американски велосипедисти.
Истражување само за градот Портланд, покажало дека во идните 30 години ќе се заштедат 594 милиони долари на здравствени трошоци заради инвестициите во "велосипедската култура," плус би се заштедиле и меѓу 143 и 218 милиони долари на бензин.
Повеќе штетни гасови вдишуваш во автомобил отколку на велосипед
Иако издувните гасови се штетни за кои било бели дробови, возачите се повеќе изложени на штетниот воздух отколку велосипедистите.
"Истражувањата покажаа дека најголемо влијание, штетните гасови имаат кога сте во автомобил. Секако сопствениците на автомобили изгледаат како да се херметички затворени, но сепак ова е илузија. Луѓето во автомобилите речиси и да дишат директно од ауспухот пред нив, луѓето во автобуси се малку позаштитени, додека велосипедистите и пешаците се речиси на периферијата."
Поверојатно е да се заразиш во автобус
Истражувањето на Универзитетот во Нотингем, открива дека луѓето во јавниот превоз "е 6 пати поверојатно да се заразат од акутна инфекција на дишните патишта."
Компаниите ќе заштедат милиони во изгубена продуктивност
Недамнешната студија од холандскиот "тинк-тенк" ТНО, открива дека луѓето кои одат на работа со велосипед е помалку веројатно да бидат на боледување.
"Одењето на работа со велосипед од само 1% од работниците, би им заштедило на (холандските) работодавци 34 милиони долари во изгубена продуктивност заради боледување."
Нема борба за паркинг
Најголемиот дел од зградите се опремени со место за велосипеди. Ако нема такво нешто веќе знаете како да го врзете за оградата на скали. Единствено што може ќе треба да надградите е да купите подобра шифра или синџир.
И една молба - немојте, никогаш, ама никогаш да го заврзувате велосипедот за предното тркало, бидејќи тоа е направено инстантно да се вади.
Имаме клима за возење велосипед
Малку локално. Повеќе од половина година, времето во Македонија дозволува да се вози велосипед. Од крајот на април па се до почетокот на ноември (иако минатата година и до крај на ноември) 90% од времето се сончеви денови на кои може да јавате велосипед.