Курикулум музика е

За разлика од голем број Шпанци кои чекаат работодавците да им чукнат на врата, Енцо Вискаино смислил креативен начин да ги рекламира своите квалификации. Во метрото во Барселона си ја испеал биографијата. Сега не може глава да крене од понуди за работа.

За сите музички надарени, а невработени, предлогот изгледа вака:

Преводот е отприлика овој:

Дипломата по новинарство
и диплома од постипломски,
ги донесов тука свиткани
ако сакате да ги видите.

Дополнителна обука:
завршив курс во Групалија
менаџмент на заедницата.

Не сум експерт за Твитер, Фејсбук, Пинтерест,
Линкедин и Мајспејс.

Имам професионално искуство,
на локалното радио
без договор,
секако без пари.

Исто така правев реклами,
работев во центар за грижа за корисници
и како благајник за Медијамарк.

Што се однесува до јазиците, ќе кажам:
Знам добро англиски,
некогаш летав со Ryanair.

Крал сум на Вордот,
Екселот и Пауер Поинтoт
Знам да работам и во Фотошоп.

Не дојдов да прашувам за пари
Но, можеби на тебе, на другар ти или на роднина
му треба новинар, сценарист
писател или уредник, композитор

За повеќе информации,
секогаш на располагање
мојот профил на Infojobs.

* Дека секое пеење и не мора да биде добро за деловната кариера, покажува и овој епохално тажен рапер кој се занимава со продажба на недвижнини:

19 мај 2013 - 09:08