Жената што се бореше да се укине Денот на мајката

Ана Џарвис на почетокот од 20-от век ја продолжува 30-годишната работа на својата мајка и успева во 1908-та да го постави Денот на мајката како празник. Неполни 15 години подоцна, Џарвис е против сите што го слават празникот.

Гледајќи како се развива празникот и како со денот почнуваат да се врзуваат комерцијални интереси, Ана се разочарува од целата ситуација. Таа нагласува дека Денот на Мајката е замислен "како ден за сентименталност, а не за профит."

Околу 1920-та почнува да ги поттикнува луѓето да престанат да купуваат цвеќиња и подароци за своите мајки, а се врти и против нејзините поранешните комерцијални поддржувачи. Таа цвеќарите, производителите на честитки и индустријата за благи ги нарекува "шарлатани, бандити, рекетари, киднапери и термити кои со нивната алчност ќе поткопаат едно од најдобрите, најблагородните и најискрени движења и прослави."

Како одговор на цветната индустрија, таа изработува илјадници копчиња со слика од каранфил, кои бесплатно ги испраќа во женските училишта и црковните групи. И покрај обидите на "цвеќарите" да се смират со неа (и понудиле дел од профитот од продажбата), Ана не го менува својот став. Во 1934-та, била разбеснета заради нова поштенска марка на која имало слика од каранфил, потег што таа сметала дека ќе претставува реклама за цветната индустрија.

За Џарвис идеална прослава на Денот на мајката би било да ја посетите или да и напишете долго писмо на мајка ви. Таа не можела да ги поднесе оние што продавале и оние што испраќале честитки.

"Неискрена печатена картичка или подготвена телеграма, не значи ништо освен тоа дека сте премногу мрзливи за да и напишете на жената која за вас направила повеќе отколку кој било на светот. Секоја мајка попрво би сакала да добие еден ред најлошо напишан текст од својот син или ќерка, отколку некаква честитка."

10 мај 2013 - 16:33