Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европски лидери ќе му го чуваат грбот на Зеленски во Белата куќа

18 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Лидерите на Британија, Германија, Франција, Италија, Финска, Европската Унија и на НАТО ќе го придружуваат Володимир Зеленски на во Белата куќа, во обид да спречат Доналд Трамп да договори мир со Русија неповолен за Украина и за Европа.
  • Незгодно е што Зеленски прво сам ќе се сретне со Трамп и со потпретседателот Џеј Ди Венс во Овалната соба, на истото место на кое истите луѓе пред неколку месеци пред камери му одржаа лекција како треба да се однесува со своите сојузници. Овој пат од него се очекува да ги прифати отстапките што рускиот претседател Владимир Путин ги побара од Трамп на самитот во Алјаска - Украина да се откаже од членство во НАТО и од петте региони што прогласија независност.
  • „Претседателот Зеленски, ако сака, може речиси веднаш да ја заврши војната со Русија, или може да продолжи да се бори“, отворено порача Трамп.

  • „Потребни ни се вистински преговори, што значи дека треба да почнеме од сегашната линија на фронтот“, побара вчера Зеленски, забележувајќи дека „Уставот не му дава право да дава територија“.
  • Ако прифати мир под условите што ги диктира Путин, Украина може да добие безбедносни гаранции дека САД ќе ја бранат од евентуална руска агресија во иднина. Путин наводно се согласил дека таквиот механизам би бил прифатлив за Москва.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Демократијата e како Ајрон Мејден

Тинејџерска рецензија на социјалните мрежи

Аман, перете ги фармерките

Не е готово додека не е готово

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy