Во Бачатски рудникот на отворено, еден од најголемите вакви рудиници во регионот, од кој се вади 8,7 милиони тони јаглен годишно, КРУ работи со најголемиот кипер на светот: Белаз 7560.
Бачатски рудникот е отворен во 1949-та, и од тогаш производството постојано е во раст. Од 63 кипери кои се користат за транспорт на ископаниот јаглен, четири се од серијата 7650 и се во погон од 2006-та.
Камионот е произведен од Белорускиот Аутоворкс. Моделот 7560 е долг 15 метри, широк 9,1 метар, висок е 7,3 метри и тежи 260 тони кога е празен - само едно тркало му тежи 8 тони. Камионот има мотор со 18 вентили и 3.500 коњски сили кои можат да влечат 320 тони јаглен. Има и појака верзија со 3.800 коњски сили кои можат да се товарат до 360 тони.
Товарени камионите можат да развијат брзина од речиси 65 км/ч. Хидрауликата на камионот користи неверојатни 600 литри течност. Цената на еден примерок од камионот е 5,5 милиони долари.