Таг: камиони

Камаз извади безпилотен камион кипер

Камаз е компанијата што цело време победува на Париз-Дакар во категорија камиони, и никогаш не вади нови камиони, бидејќи и старите уште не можат да им ги расипат. Сега, од нигде никаде, извади ем ултра модерен ем автономен кипер, што би требало да поработи во секакви рудници и ископи.

Вие стално вака товарате?

Највпечатливо е што нема ниту еден трзај во видеото (двајца возачи, камерман, кој и да има наоколу) дека нешто погрешно се случува.

Волво му даде на 4-годишно девојче да вози камион

Детска радост е кога од цела патека за возење ќе го слупаш камионот низ куќа, а кога ќе се свртиш никој од големите не ти вика ни збор. Да, девојчето го вози камионот преку далечинско. И овој пат како и со сите вакви успешни правења на мега мераци на деца, останува несоборливата дилема - оди после дома кажи и дека мора да го изеде целиот грашок или дека треба да си легне.

Камионот што носи 320 тони

Кузбассразрезугол (КРУ) не само што е најголемата рударска компанија во Руската Федерација, туку е и најголемиот извозник на јаглен на планетава. За да ја завршат својата работа, ним им требаат најмонструозните машини на Земјата.