
За време на официјалната средба со јужно-корејската претседателка Парк Гуен-хуј, Бил Гејтс се поздравува додека едната рака му е во џеб.
Иако ова и глобално е прилично недолично однесување, Корејците имаат далеку посериозен проблем со ова:
"Гејтс, 57 години, во понеделникот не сфати дека поздравувањето со една рака во корејската култура, а исто така и во остатокот од Азија, е посебно несериозно, и дека така се поздравуваш само ако другиот ти е добар пријател, кој е на иста возраст или помал. Поздравувањето со едната рака, додека другата ти е во џеб таму се смета за невоспитано, и се прави кога сакаш да покажеш супериорност кон другиот."
Дел од корејските медиуми решија да не го коментираат настанот и да ја исечат сликата за да не се гледа дека раката и е во џеб. Додека дел направија цел скандал од ситуацијата.
Како целата работа пламна излезе дека Гејтс, речиси и да не ја вади раката од џеб кога се поздравува. Без разлика дали со Бан Ки Му, Саркози, Берлускони или со Кси Џинпинг.
Едно од можните решенија е да му дадеш на Гејтс да држи нешто во рака, или да ја гушка Шерон Стоун: