Кај луѓето (собрани мажи и жени од Аргентина, Данска и САД) силата на горниот дел од телото, поточно големината на бицепсот има дијаметрално различно влијание на политичката идеологија кај богатите и сиромашните.
Богатите мажи, кои имаат најмал ќар од редистрибуција на богатството, се противеле на оваа идеја, но само испитаниците кои имале голем бицепс. За разлика од нив богатите мажи кои имале помали бицепси биле повеќе отворени кон редистрибуцијата.
Во истото истражување кај мажите од понизок економски статус, одговорите биле сосема спротивни. Па така посилните мажи повеќе биле подготвени за редистрибуција, додека мажите со помали мускули и дале помала поддршка.
Во исто време кај жените немало ниту приближна поврзаност меѓу идеологијата и силата, бидејќи "еволуциски тие не сметаат дека физичкиот конфликт се исплатува."
"Еволуциски зборено, погрешно е за послабите кандидати да се обидат да освојат ресурси кога не можат физички да преовладаат исто и за посилните е погрешно да го отстапат она што можат да го одбранат без голема загуба."