Разно

Еснафски работи

Како што е ред кај секој домаќин, така и во Бразил проститутките почнаа да се подготвуваат за Светското првенство 2014-та и се запишаа на часови по англиски. Часовите се платени од нивната Комора.

Идните шампиони на Кина на тренинг од 4 години

Во исто време додека постарите спортисти ги собираа медалите во Лондон, елитните спортски училишта во Кина ги бираа идните олимписки шампиони на 4-годишна возраст.

Самопомош во неколку редови

31 книга од репертоарот за самопомош и унапредување, прочитани и секоја сведена на главните лекции и поенти што ги учи.

Како бензинот го создаде криминалот во САД

Од почетокот на 60-те, САД бележи огромен раст на насилниот криминал, кој својот врв го достигнува во 90-те. Единствено нешто што соодејствува со кривата на криминалот во овој период е кривата на потрошувачката на бензин и појавата на безоловен бензин.

Кога си осамен, пишувај на Фејсбук

Константното апдејтување на Фејсбук статусот им помага на луѓето да се чувствуваат помалку осамени, без разлика дали добиле "лајкови" или коментари.

Формален петок

Опуштен петок го воведоа големите корпорации за еден ден во неделата малку да ги опуштат своите вработени. Што да прават компаниите кај кои од старт секој ден е опуштено? Формален петок, ден на одела, кондури и вратоврски.

Зошто нема да бидеш човекот што очекуваш да бидеш

Луѓето кога се гледаат какви биле во минатото не можат да се изначудат колку многу се промениле, но во исто време некако очекуваат дека во иднина ќе останат исти, без да се менуваат.

Дали би користеле Фејсбук ако радикално се промени?

Фејсбук достигна статус на дневен ритуал заради што и не е чудо што луѓето се подготвени да креваат револуции секој пат кога ќе им биде променето нешто на сервисот. Што ако од Фејсбук решат да променат сè?

Најразгалената девојка во Британија

Според британски Сан, титулата и припаѓа на извесна Џина Рио, која има 23 години и месечен џепарлак од нешто повеќе од 12.300 евра (само од мајка ѝ).

Хакирањето во Скајфол, речиси веродостојно

Ако се тргнат на страна репликите кои се прилично невозможни и не значат ништо, добар дел од хакирањето што го гледавме во новиот Бонд, е сосема легитимно.

Спартанскиот живот на човекот што ги има сите пари на светот

Ок, може ги нема баш сите пари, ама е основач на Тумблр, живее во стан во Њујорк од 1,6 милиони долари и отприлика не поседува ништо друго, а полн е со пари.

Дебелата кинеска свадба

Кинески магнат за кујнски плочки на идниот зет освен ќерката му дава и мираз од над 160 милиони долари. За карактер не знаеме, ама вака на изглед девојчето не е толку грдо за да му требаат толку субвенции на зетот.

Кога Холивуд се бори против оружјето

По маскарот во Њутаун веднаш излезе едно од оние ол-стар видеа во коe најголемите филмски ѕвезди побараа итна контрола на оружјето и малку разум кај луѓето. Неколку дена подоцна, на некој му текна дека најголем дел од нив потрошиле добар дел од кариерата на промоција на оружјето.

Човекот што не можеш да го жалиш

Годинава првиот човек на Епл, Тим Кук, ќе земе 99% помала плата во споредба со 2011-та. Намалувањето на платата не е затоа што е ужасен директор, не е затоа што ја упропасти фирмата, не е затоа што ги избрка акционерите, туку затоа што лани платата му беше 378 милиони долари.

Жените мажи од Албанија

Фотографката Џил Петерс за својот нов проект оди во планините на Северна Албанија каде ги открива "бурнеша" жените кои цел живот го живеат како мажи.

Најголемото откритие во Рим од Форумот

Археолозите во Рим завршија со ископувањето на она што го нарекуваат - најголемото археолошко откритие во градот од пронаоѓањето на Форумот.

Економското влијание на Господарот на прстените

Трилогијата е пишувана од 1937-ма до 1949-та, и до денес има продадено над 150 милиони примероци, ова е тираж само од книгите, без останатите математики.

Топ 5 причини зошто топ листите се погрешни

Ние имаме напишано, вие без сомнеж имате прочитано, и најчесто служат да се пополни просторот создаден од недостатокот на вести кон крајот на годината. Меѓутоа, бидејќи секој ги прави се потешко станува овие листи да ти послужат за носење на каква било одлука.

ЕУ ќе се задави од регулација

Играњето фудбал може да има смртоносни последици за малите децата бидејќи постои сериозна опасност тие да се задушат од топката. Така смета Европската Унија.

Научниците ја открија кинеската медицина

Американските научници понудија објаснување на молекуларно ниво за тоа како кинеската медицина (со билки) повеќе од 2000 години успева да ја сопре треска и да ја олесни маларијата.

Турција бара да и го вратат Дедо Мраз

Денешниот Дедо Мраз е базиран на Свети Никола, светецот заштитник на деца кој бил роден некаде околу 270-та година од нашата ера, во регионот на денешна Анталија. Денес неговите останки се закопани во Италија. Турција не се согласува со тоа.

Како се донесе буџетот?

Македонско Собрание. Премиерот го брани буџетот за наредната година. Наредната година е изборна година. Опозицијата жестоко го напаѓа буџетот и го оценува како политичко пропаганден памфлет. Премиерот порачува: Ако проекциите во буџетот не чинат, граѓаните ќе го кажат тоа на избори. Ако пак чинат, и тоа граѓаните ќе го кажат на избори. Има логика, нели? Само една ситница: 1998-ма година.

Мит Ромни немал желба да се кандидира

Во најголемата сторија направена по изборите во САД во која се анализираат причините за поразот на Ромни, неговиот син Таг признава дека Мит никогаш не ни сакал да се кандидира.

9 омилени апокалиптични сценарија на човештвото

Тоа што им пројде редот на Маите на никој начин не значи дека сме раат од некои идни апокалипси и краеви на календари. Она што до сега ги спојува сите можни е сценарија за крај на човештвото е што ниту едно не успеало. Тоа не значи дека едно нема да ја расипе серијата. Да разгледаме какви се видови на армагедон може да не попаднат во иднината.