Џабе се криете!

Шест цели Македонии во САД веруваат дека земјата им ја водат луѓе - гуштери. Последниот на видео е "фатен" како го обезбедува претседателот Обама.

Патем, вербата во луѓе гуштери кои раководат со државата е теоријата на заговор која има најмалку следбеници меѓу Американците.

Цели 9о милиони Американци веруваат дека Вонземјани постојат а 66 милиони се сигурни дека слетале во Розвел во 1948-ма. Се разбира, доколку им верувате на истражувањата на Public Policy Polling (со 2,8 процентна маргина на грешка), која се прослави поставувајќи необични анкетни прашања од типот: Ако верувате во Господ, дали го оправдувате начинот на кој тој ги води природните катастрофи?

Овојпат на тацна биле ставени сите популарни теории на заговор кои со години кружат меѓу американската чаршија и еве како изгледаат подредени:

Ваквите податоци биле вкрстени со политичките убедувања и се добиле интересни резултати: фановите на Обама повеќе веруваат само во три заговори – дека Буш намерно лажеше за оружјето на Ирак, дека ЦИА стои зад епидемијата на крак зависници и дека слетувањето на Месечината било лажно.

Две теории имаат подеднаков број верувачи меѓу Демократите и Републиканците: онаа за флуорот во водата и за постоењето Вонземјани. Сите други теории на заговор повеќе легнале кај гласачкото тело на Ромни.

И конечно, еве го видеото со човекот гуштер кој го обезбедува Барак Обама.

повеќе

3 април 2013 - 10:25