Да му умре профилот на комшијата

Ако човек сака да биде среќен, треба да престане да се споредува со другите. Спротивната опција е постојано да се чувствуваш како комплетен неуспех во животот.

Без разлика на се, секогаш ќе има некој што по некоја основа ќе биде пред нас: некој ќе има подобра работа, некој повеќе ќе шета, некој ќе има подобар партнер, објаснува новинарката на Њујорк Тајмс.

"Др. Љубомирски открила дека несреќните луѓе споредуваат многу работи и посебно се грижат за резултатите."

Професорката по психологија на Универзитетот Калифорнија, Соња Љубомирски, во своето истражување "Hedonic consequences of social comparison," следи како испитаниците реагираат на различни оценки во врска со нив, и позитивни и негативни. Самодовербата на среќните испитаници се засилувала кога ќе добиеле позитивна оцена, без разлика дали дознале дека другите учесниците добиле подобри резултати. Кај луѓето кои генерално биле несреќни, самодовербата сериозно скокнала кога само тие добиле позитивна оценка, меѓутоа само за нијанса се зголемиле кога дознале дека другите подобро минале од нив.

"Севкупно, несреќните учесници имале поголем раст на самодовербата кога дознале дека тие минале лошо, ама останатите минале уште полошо, отколку кога имале добра оценка ама останатите имале подобри."

Иако скромната споредба со останатите луѓе создава здрава конкуренција, оние кои се опседнати со споредување со другите избираат да живеат помалку среќен живот.

22 април 2013 - 11:10