Саудиска Арабија осуди човек на парализирање

Групите за заштита на човековите права се во вонредна паника во Саудиска Арабија, откако тамошниот суд му пресуди на еден обвинет дека треба да биде парализиран, затоа што тој оставил друг човек комплетно неподвижен.

За Амнести интернешнл казната е еднаква на "тортура и таа не треба да биде извршена по ниту една основа."

Злосторот за кој што одговара казнетиот Али Ал-Кавахир се случил пред десет години, кога имал 14 години и со нож го прободел својот другар.

Од тогаш Ал-Кавахир е во затвор, а пресудата следува откако неговото семејство не можеше да најде 266 илјади долари за да плати отштета на семејството на жртвата.

Во 2010-та еден 22-годишен маж кој по една тепачка заврши парализиран, потоа побара иста казна и за човекот со кој се тепал.

4 април 2013 - 15:14