Како скокањето ќе ви го уништи апетитот

Може ќе ви звучи глупо, ок не може, туку сигурно ќе ви звучи глупо, ама најдобар начин да се отарасите од гладта е да почнете да скокате во место. Ајде наваму за науката.

До сега е познато дека вежбањето на краток период го потиснува апетитот, а истражувањата покажаа дека на овој ефект влијае испуштањето на хормоните кои го регулираат апетитот.

Една нова студија истражувала што се случува за време на вежбите кои го менуваат центарот на масата (нагоре - надолу) и колку тие влијаат на нивоата на хормони како грелин, кои се ослободуваат кога сме гладни.

Тие во студијата тргнале од претходните резултати според кои трчањето го потиснува апетитот повеќе отколку велосипедизмот, меѓутоа скокањето на јаже го придвижува телото повеќе отколку трчањето. Бидејќи кај скокањето јаже нема движење во хоризонтална линија, во оваа вежба телото се справува со поголема тежина отколку кај трчањето. Заради ова "можно е скокањето јаже да предизвика поголемо вознемирување во стомакот отколку трчањето," што би придонело до зголемено потиснување на апетитот.

Во тестот, една група на луѓе требало да скокаат на јаже, една возела велосипед и една заради контрола седела. По вежбите, двете активни групи имале понизок апетит отколку онаа што седела. Меѓу нив две, луѓето што скокале на јаже биле помалку гладни отколку велосипедистите.

Истите резултати биле и кај желбата за мрсна или пржена храна.

11 април 2013 - 15:09