Проблемот на жените со совети од непознати

Иако потребата од читање на совети од луѓе кои никогаш не ве запознале ја има кај двата пола, сепак жените се тие кои се главните консументи и главната цел на овој жанр.

Една од причините е што индивидуализмот кај мажите се смета за мажественa карактеристикa, додека жените се многу повеќе подготвени да го споделат својот проблем. Во 1892-ра, Елизабет Кади Стантон ја пишува The Solitude of Self, во која порачува дека жените, исто како и мажите, "треба сами да патуваат низ животот."

Сто и кусур години подоцна, давањето и добивањето совети од жени и понатаму преовладува, единствено е променета темата и содржината на советите. Па денес, повеќе не се ограничени на мода, семејство и домаќински работи, туку денес се даваат совети за женската психологија, сексуалниот живот, кариерата...

Проблемот со советите од непознати луѓе е во тоа што тие може да функционираат само ако се однесуваат на некој практичен проблем: како да го поправил велосипедот, како да го гаражираш автомобилот, како да направиш јагнешко печење.

Практичните проблеми може да се квантификуваат. Личните и животните проблеми се предизвици кои се карактеристични и се отпорни на решенија по формула и на кои им треба терапија по мерка.

"Со ова не сакам да ги отфрлам познатите дилеми кои ги има секоја жена (ниту потребата од политики за решавање на проблеми што секоја жена ги споделува). Генерално, од почит треба да ги ислушаме луѓето со кои се дружиме, во живо. Меѓутоа не им должиме ништо на само-назначените експерти кои изникнуваат на пазарот, нудејќи "лични" совети не само на поединци туку и на цели класи на луѓе. Мојот совет? Два пати размисли пред да прифатиш совет од непознат."

9 април 2013 - 19:56