Дизаjн на годината

Исто како Оскарите, само без победничките говори и за многу потрајни дела, Дизajн Музејот ги објави добитниците на годинешните награди.

Дизјан на годината наградите се доделуваат во 7 категории: архитектура, дигитал, мода, мебел, графика, транспорт и производ.

Архитектура
La Tour Bois-Le-Pretre, Париз. Трансформацијата на руинираната кула во северен Париз. Дизајнирана од Druot, Lacaton и Vassal. (линк)


Дигитал
Веб страната gov.uk. Новата страна на британската влада треба на едно место да ги собере сите владини сајтови и со тоа да заштеди милиони фунти. Дизајнирано од Дигиталниот сервис на владата. (линк)

 


Мода
Дијана Врееланд: The Eye Has To Travel. Наречена "Императорката на модата," Дијана Вееланд во својот живот (1903-1989) има легендарно влијание на модата и стилот. Во филмот се покажани над 350 илустрации и изработката на некои од нејзините најважни дела. Режија - Лиса Имордино Врееланд. (линк)

 

 

 


Мебел
Столицата Medici. Направена од три вида на дрво: јасен, орев и уште едно зимзелено дрво (ова), столицата се спојува под неправилни агли, кои резултираат со удобно навалено седење. Дизајн Константин Грчиќ за Mattiazzi. (линк)

 

 

 


Графика
Брендирањето на Биеналето за архитектура во Венеција. Дизајн Џон Морган. (линк)

 


Производ
Комплет Yamoyo. Пакетчето на ColaLife, дизајнирано за да го собере во гајба Кока-кола, за полесно транспортирање до најоддалечените делови на Земјата. (линк)


Транспорт
Morph Folding Wheel. За прв пат во историјата направени се тркала за инвалидска количка кои можат да се склопат, со што ги собира во помали автомобили или во делот за личен багаж во автобус и авион. Дизајн Vitamins за Maddak Inc. (линк)

 

 

11 април 2013 - 22:44