Најновите одела на Тони Старк, за 3-от дел од Ајрон Мен, чинат над 7 милијарди долари повеќе отколку во изминатите филмови.
Ако првото одело на Старк чинеше 0 долари, тој вториот дел го заврши со одела чија вкупна цена беше 500 милиони долари. Сепак за третиот дел тој вади 8 нови модели чија вкупна вредност изнесува 7 милијарди долари.
Иако изгледа како магацин за оружје, сепак вкупниот арсенал на оделото е една од најниските ставки во сметката, од околу 1,9 милиони долари. Наспротив ова, компјутерскиот систем и шлемот чинат 55 милиони долари.
Егзоскелетот кој е изработен од титаниум и злато, и го заштитува од куршуми проектили, удари и влијанието на гравитационите сили чини 15.000.000 долари.