Магазинот Слејт и твитер фидот @GunDeaths ги собраа бројките за сите смртни случаи од огнено оружје во периодот по убиствата во Сенди Хук, конечната бројка е - 3.413 (потврдени) убиства во период помал од 5 месеци.
Од овие, 2.846 биле мажи, а најголемиот број, 1.038 убиства, се од јануари. Град со најголем број на убиства е Чикаго, каде во овој период имало 84 жртви на огнено оружје.
Од 14 декември, се убиени вкупно 60 деца (43 машки и 17 женски), и 173 тинејџери од кои 148 се машки а 24 се девојки.
Во статистиката се земени само убиствата со огнено оружје (намерни и од невнимание), без да се пресметуваат жртвите на убиства со нож или некој друг предмет.