Еврејски свештеник влегува во авион...

Проблемот е: човекот мора да лета со авион, ама еден куп правила во неговата религија го прават ова бескрајно комплицирано. Нема проблем што најлон не може да реши.

Иако авторот на сликата, објавена на Редит, пишува дека станува збор за обичен Ортодоксен Евреин, дел од коментаторите објаснуваат дека станува збор за Коен, односно свештеник. (поразлично е од рабин)

Проблемот е што според правилата на неговата религија, тој не смее да оди по гробишта, ниту да пак да лета над нив, бидејќи тоа би го направило "нечист."

Како излез од целата ситуација, свештеникот решава самиот себе да се спакува во најлон кеса, која ќе го спречи евентуалното валкање.

11 април 2013 - 18:24