За време на гостувањето на Дејли шоу Луис призна дека кога го пишувал твитот немал поим за целата контроверза околу шегата со силувањето. Потоа ги опиша феминистките и комичарите како "природни непријатели," бидејќи "зборувајќи по стереотип, феминистките едноставно не можат да прифатат шега" а "комичарите не можат да прифатат критика." Дел од гневните луѓе подоцна му простија на Ц.К. по неговото објаснување, меѓутоа некои станаа уште погневни бидејќи тој ги стави комедијата и феминизмот едни против други. Ироничното тука е што Луис Ц.К. со години го прави феминизмот смешен.
Во неговиот нов стенд-ап, Oh My God, тој вклучува еден дел кој изгледа како да е инспириран од случајот околу твитот за Тош. "Читав некои блогови за време на целата работа, кои ме просветлија на теми кои не ги знаев. Една жена рече дека силувањето е нешто што ги управува животите на жените... Сега ова е дел од мене кој претходно го немаше." Кратко по ова Ц.К. се префрла на излегувањето и состаноците.
"Традиционално зборено, машката храброст се состои во тоа што тој се одлучил да ја покани жената на излегување. И ако жената прифати, тогаш тоа е нејзината храброст. Ова е храброст која не може да се замисли." (Тука се обиде да им помогне на мажите за полесно да сфатат за каква храброст станува збор да "замислат дека треба да одат на состанок со половина лав и половина мечка") "Како жените се уште излегуваат со мажи, кога ќе размислиш дека и не постои поголема закана за жени отколку мажот? Ние сме број еден закана за жените. Глобално и историски ние сме број еден причина за повредите и немирот кој се нанесува на жените." За еден момент подоцна да додаде, зборувајќи за мажите "Знаете која е најголемата закана за нас? Срцевите болести."
Во неговиот претходен стенд-ап Live at the Beacon Theater, тој зборуваше за сексот, меѓутоа не ги осуди мажите дека се виновни за лошиот секс, туку за тоа што ги обвинуваат жените за сопствената неадекватност. "Мажите веруваат дека жените се чудни бидејќи не сакаат постојано да имаат секс. Ние мислиме дека тоа е затоа што немаат толкава потреба како нас. Вистинската причина е што жените не сакаат да имаат секс со мажи, кои не ги бива за тоа."
Мажите мислат дека жените лесно се врзуваат бидејќи сакаат да се гушкаат после секс. "Таа не е емотивна, идиоте еден, таа е уште попалена, бидејќи ти ништо не направи за неа." Секој пат кога имаш секс со жена си мислиш "ова е најдоброто нешто што ми се случило во животот," додека жените "околу 40% од времето си мислат, ќе го заборавам ова за една недела. Не е ова најлошото нешто што ми се случило. Овој пат нема да плачам."
Луис Ц.К. е еден од ретките успешни и популарни комичари кои успеаа да го вклучат феминизмот во својата комедија. Комичарите секогаш ќе наоѓаат нешто смешно во темите кои ги прават другите луѓе да се чувствуваат непријатно, а некои од најсмешните луѓе на светот знаат и да бидат доста тврдоглави околу своето размислување. Меѓутоа комичарите и феминистите не се "природни непријатели."