Фотографиите на Сеул во 60-те, една деценија по завршувањето на војната покажуваат град кој е комплетно идентичен на она што денес го гледаме во извештаите од Северот.
Меѓутоа во овој период додека Северот гази по својата патека, на Југот генералот Парк Чунг-хи врши државен удар, и со крајно автократски режим прави радикални реформи во земјата.
Иако во тоа време текстилот е главна индустрија, дел од компаниите, пред се Самсунг полека почнува да работи со електроника.
Во 1979-та е извршен атентат над Чунг-хи, меѓутоа тоа не ги прекинува неговите реформи и економијата што тој ја создава. Па така на почетокот од 80-те се појавуваат компании како Хјундаи и Даеву.
1981-ва Сеул ја добива организацијата за летната Олимпијада во 88-ма, што е клучен момент за земјата и промоција на Јужна Кореја во светот.
фото виа