Еберт не само што беше добитник на Пулциеровата награда, тој беше и единствениот филмски критичар познат на широката јавност. Тој прво на своето телевизиско шоу, а потоа и преку критиките во весниците и на интернет, беше еден од одлучувачките фактори за успехот или пропаста на еден филм.
Во 2002-ра тој објави дека има рак, а болеста го промени и неговиот физички изглед. Тој имаше рак на тироидната жлезда, заради кој мораше да прави операција на плуковните жлезди и брадата. По ова Еберд ја изгуби способноста да јаде, пие или зборува (тој се хранеше преку цевка, зборуваше со помош на машина а имаше и протеза која делумно му ја криеше дупката на брадата). И покрај ова тој продолжува со пишување критики, а во меѓувреме објави и кувар.
Еберт станува филмски критичар на Чикаго-Сан Тајмс во 1967. Во 1975-та, заедно со Џин Сискел го започнува првото телевизиско шоу за филмска критика. Истата година ја добива и Пулицеровата награда за неговите критики во Чикаго-Сан Тајмс. Во 1982-ра двајцата го прават шоуто "At the Movies with Gene Siskel and Roger Ebert," а во 1986-та, шоуто го селат на Buena Vista Television. По смртта на Сискел тој го продолжува шоуто се до 2006-та, кога заради компликации од операциите не може да зборува. Негов заштитен знак беше палецот нагоре или надолу што им го даваше на филмовите.
Според него "Граѓанинот Кејн" е најважен филм што е некогаш е направен. Тој создаде сериозно голема расправија кога изјави дека видео игрите никогаш нема да можат да му парираат на филмот со нивната уметност и раскажувањето на приказната.
Тој има напишано 15 книги на тема филм.
Еберт имаше 70 години.