Градинките на една шведска приватна компанија во основа никогаш не затвораат (24/7). Децата добиваат храна од градинката, а можат да си носат и од дома. Ова работи и во спротивна на насока, па родителите ако сакаат можат да нарачаат храна која ќе подигнат кога ќе го земаат детето. Во нив има и кафулиња во кои родителите можат да одморат при носење или земање на децата.
Цената за градинката е 150 евра месечно, а од таму гарантираат дека ќе има место за секое дете. Остатокот го плаќаат локалните власти, по 1.400 евра за децата под 3 години и 1.100 евра за постарите.
Како што објаснува генералниот менаџер на синџирот од 9 градинки, Пер Упман, во работата има многу мала маржа, меѓутоа неговата предност е што како приватна компанија може поефикасно да ги договара своите набавки, без потреба од тендери, има помалку административни трошоци и може брзо да реагира ако е потребно (да се отвори нова градинка или слично).
Моментално бизнисот со грижа за деца на ниво на ЕУ вреди 137 милијарди евра.