
Излага дека просечниот човек редовно користи само 20% од облеката што му е во плакарот, и ова посебно важи за жените, бидејќи мажите обично знаат повеќе да ја износат својата гардероба, бидејќи од старт помалку ја имаат.
"Мажите имаат вкупно имаат помалку од 10 пара обувки, кои прилично добро ги ротираат, додека жените во просек имаат 4 до 5 пати повеќе," објаснува главната дизајнерка на California Closets.
Се останато што имате во плакар најверојатно не било совршено уште во моментот кога сте го купиле меѓутоа го чувате надевајќи се дека тоа еден ден магично ќе стане пригодно за на работа.
"Генерално ви се допаѓа, меѓутоа е малку тесно или малку широко и си викаш 'ништо страшно, нема да ми пречи.' Потоа излегува дека токму таа мала мана ве спречува да го носите. Мислиш дека може ќе го искористиш некогаш во иднина, но тој ден никогаш нема да дојде," објаснува психологот Мириам Тацел за Вол Стрит журнал.
Дополнителен проблем е што во последно време купувачите е поверојатно да заглават со производи што не им требаат, откако продавниците воведоа построги правила за враќање на купеното.