
Овие изрази предизвикуваат тензија низ целото лице, делумно заради тоа што дел од мозокот се обидува да контролира израз предизвикан од друг дел од мозокот. Изразите зависат од спротивставени групи на мускули, кои го тегнат лицето во спротивен правец.
На пример тагата вклучува израз на тага и желба да се контролира овој израз. Слично, кај стравот изненадувањето ги крева веѓите нагоре, додека стресот ги собира заедно.
"Стравот вклучува повеќе мускули во горниот дел од лицето, отколку која било друга емоција. Ние имаме многу понеутрална врска со челото, веѓите и горниот дел од очните капаци, отколку со долните мускули на лицето, заради што ни станува тешко да ги контролираме."
Главниот проблем е што е компликувано да го направиме изразот, без да ја почувствуваме емоцијата, а речиси е невозможно да се имитираат некои уникатни карактеристики на тагата и стравот, како солзи или потење.
Неодамнешните истражувања покажуваат дека емоциите не се огледуваат само во лицето, туку дека и остатокот од телото е вклучено во ова. Кога чувствуваме посебно силна емоција, телото станува подобар индикатор на емоцијата, посебно во контекст на победа или пораз.
"Стравот без споредба е една од најлошо препознаените емоции на лицето. Како и да е, во вистинскиот живот, лицето се појавува со тело и со контекст, па на крај можеме да го идентификуваме," објаснуваат од Оделот за психологија на Еврејскиот Универзитет во Ерусалим.
Нивниот заклучок е дека најуспешниот начин е да ги имитираш емоциите на луѓето што се околу тебе. На пример ако си во група во со среќни луѓе, ним може да им е потешко да идентификуваат лажна насмевка.