Ужасот од женските чанти

Во последната "повалкано од тоалет" споредба, најновиот резил е за женските чанти, посебно за кожните.

Анализата е од британска компанија за хигиенски услуги (Initial), која покажала дека 20% од женските чанти имаат повеќе бактерии отколку просечниот тоалет.

Проверката од бактерии покажала дека во чантите највалкани се шминката, кремот за раце и лице и поставата на торбите, на кои биле најдени повеќе бактерии отколку на просечна даска од ВЦ шоља.

Тие не наведуваат дали во тестовите барале бактерии кои предизвикуваат болести и зарази или пребројувањето вклучувало и нормални бактерии со кои секој ден сме во контакт.

Кожните чанти биле најпогодни за размножување на бактериите а рачките на секоја петта чанта имале доволно бактерии за да бидат ризик за човековото здравје.

21 мај 2013 - 06:35