Природата има законско право да постои

За прв пат во историјата градот Санта Моника, донесе закон со кој "природните заедници и екосистемите" имаат законско право да "постојат, да се регенерираат и да напредуваат."

Во законот стои дека природата има "фундаментални и неотуѓиви права" да постои и да напредува во градот Санта Моника, а за остварувањето на овие права, граѓаните можат да преземат акции во име на природата, со кои ќе се заштитат заедниците и екосистемите.

Проблемот е што добар дел од загадувањето на водата и воздухот се глобални и доаѓаат од најразлични делови од светот, заради што виновниците за нив нема да може да се изнесат пред суд во Санта Моника.

Минатиот септември, Нов Зеланд и додели граѓански права на реката Вангануи, со што ја направи заштитен правен субјект, а 18 месеци претходно Боливија и даде законски права на мајката Земја, според кои има право да "живее, да постои и да ги продолжи клучните циклуси и процеси без никакво мешање на луѓето."

24 април 2013 - 22:22