Мислења

Зоран Ѓинѓиќ, националните интереси и западните пријатели

Оние кои го постираат сега ова видео, инаку едно од последните во насилно прекинатиот живот на Зоран Ѓинѓиќ, го наведуваат како крунски доказ дека неговите странски сојузници за него имаа само една задача, да го скине Милошевиќ а откако неа ја изврши, им стана непотребен па заврши како што заврши.

Хилари има повеќе шанси да стане претседател на Либија отколку на САД

„Ако противотров за Трамп е Клинтон, тогаш противотров за ракот е инфарктот“, пишува за една од последните гротескни комбинации во кои Хилари повторно се враќа во игра колумнистот на Индипендент, Хаф и РТ, Џон Вајт.

Додека го „европеизираше“ Балканот, ЕУ се „балканизираше“ себеси

Време е да се признае неуспехот на таканаречената европеизација на Балканот, пишува Игор Штикс.

Возење велосипеди затоа што се „зелени“, е погрешна поента

Треба да се престане велосипедите да се продаваат на екологија и здрава животна средина. Ги возиме затоа што се забавни, здрави, евтини и практични - и затоа што ги нервираат луѓето што возат кола.

Тужбите за навреда не се решение за #MeToo

Оскаровецот Џефри Раш одведе на суд еден весник кој објави непотврдени сексуални обвинувања на негова сметка. И со тоа најмногу си наштети - на самиот себе. Решението за претеризмот со #MeToo и хистеричните сексуални лустрации можеби не се судски закани и тужби за нарушен углед туку најнормално бранење на стариот добар принцип дека секој е невин додека не се докаже спротивното.

Вие како сакате, ама органска храна не спречува рак

Додека алармирачкото ширење страв околу ужасните хемикалии во нашата храна само расте на популарност, реалноста е далеку поздодевна, објаснува за Гардијан епидемиологот од Сиднеј, Гидеон Мејеровиц-Кац.

Трагедијата на Ангела Меркел

Раката што историјата ѝ ја подели на германската канцеларка Ангела Меркел беше полна го масовни предизвици: серија кризи во еврозоната кои доведоа до поделби меѓу Европејците; поделба по социјална основа засилена од економските тензии; и најголемиот бегалски бран од Втората светска војна. Наместо да ги решава овие работи, таа сепак реши само да ги менаџира.

Работата беше пат до подобар живот. Некогаш. Веќе не.

Вработување кое обезбедува раст на стандардот на живеење веќе е минато, денес патот до богатството води низ недвижности и пензија.

Вдоми, не купувај

За возврат, тој вдомен новинар ќе биде благодарен цел живот, или барем додека на стопанот му трае мандатот...

Оставете го Апу на раат

Баскар Сункара е еден од основачите на левичарскиот Јакобин магазин и Американец со индиско потекло, и како таков неговиот апел е Апу да не биде отстранет од Симпсонови.

Меркел во вистинско време кажа ауфидерзен

Ретко кога Ангела Меркел звучела толку искрено и отворено. Ова беше јасен говор, беше чесен говор. Беше толку упадливо мудар говор што речиси и ќе поверуваш дека откако таа ќе се повлече од раководење со партијата, таа сака и ќе остане канцелар на Германија до следните избори.

Ничие верување не треба да биде заштитено од навреди

Тажни се овие времиња штом нечии повредени чувства станаа предмет на работа на законодавците, пишува Кенан Малик во колумната за Гардијан.

Песимизам на денот: нема помирување околу длабоки несогласувања

Едноставните случаи на несогласувања би требало да се разрешат токму така - едноставно. Но што е со оние подлабоките? Наспроти сите заложби за „приближување на ставовите“, тоа во такви случаи едноставно не е можно.

Што па Гугл има направено за нас?

Користејќи ги услугите на големите технолошки компании ние во реално време произведуваме дел од нивниот капитал. Правата на сопственост врз тоа - за сите нас, наместо само за дел од нас - треба да бидат основа за универзален основен приход.

До кога демократите ќе оставаат Хилари да доминира со партијата?

Во понеделникот беше првата годишнина откако Алиса Милано ги повика жртвите на сексуални напади и малтретирање онлајн да ги споделат своите приказни под хаштагот #MeToo, движење кое пред една деценија беше започнато од активистката Тарана Бурк. Сепак, истиот ден со вестите доминираше Хилари Клинтон и нејзината бизарна одбрана на однесувањето на Бил Клинтон додека е претседател.

Северна Македонија? Don’t you ‘North Briton’ me!

Како на гротескната тема околу името гледа еден Шкот, новинар и македонски зет: „Шкотска го сочува својот идентитет со задржување на своето особено културно наследство во рамките на Обединетото Кралство, а Македонија својот тукутака го дава“.

Што ми се допаѓаше кај Пол Ален

Збогување на Бил Гејтс со својот пријател и ко-основач на Микрософт, Пол Ален.

Болното заминување за „Кралицата на Европа“

Едно утро кон крајот на септември Германците се разбудија со нова и несигурна политичка иднина. Ангела Меркел е ранета, можеби и фатално, од бунтот кој се случи онаму каде што најмалку очекуваше - во нејзината Христијанско-демократска партија.

До Русија со љубов

За прв пат по долги години друга држава на Израел му кажува: Престани. Барем во Сирија, повеќе нема да може. Фала ти, мајка Русија, пишува Гидеон Леви во израелскиот весник Хааретз.

Ведрана Рудан: Не ми се мешај во мојот живот!

Вие кои немате дете, ни дете од своето дете, немате идеја за што зборувам па сега ќе ви објаснам: блазе си ви.

Умберто Еко: Кршење на кодексот на лицемерието

Амбасадите се претворија во шпиунски центри, кодошот и неговиот шеф се мрзливи исто како авторите на окултните книги, технологијата се развива со чекор на рак, во иднина тајната ќе има само една копија и ќе се држи во сеф.

Варуфакис: Нова интернационала

Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но таков лифт не постои.

Како чувствата завладеаја со светот?

Од самата појава во 17от век, беа замислени како бавни и внимателни процеси на донесување одлуки за тоа што е точно а што не. Забрзаната денешница не трпи такво бавно размислување и одлучување. Заради тоа, луѓето реагираат со она што им е побрзо при рака, со емоциите.

Џон Меккејн и границите на пристојноста

На што точно оддававме почит цела мината недела? Колку што Џон Меккејн беше сакан и масовно почитуван во Вашингтон, земските сеќавања на него личеа како да комеморираат нешто многу повеќе од смртта на невообичаено почитуван сенатор. Како што многумина рекоа, тие во добар дел оставаа чувство како задоцнета служба за нешто кое почина на 8 ноември 2016 или на 20 јануари минатата година.