Америка им даде изобилие на време на гигантите на социјалните медиуми за да најдат начин како да го спречат злоупотребувањето на нивните платформи за ширење политички раздор. Но и покрај тоа се наоѓаме во уште понеповолна ситуација отколку во 2016 - не само што можноста изборите да бидат украдени е реална, туку и самата демократија е ранлива на потенцијален грабеж. Ниту еден закон не ја подобри ситуацијата. Задача е на Фејсбук, Твитер и Јутјуб и другите да покажат ретко чувство на свесност и да одморат неколку денови - не само да признаат неуспех, туку и да ги намалат шансите да овозможат штета.
Неколку дена молк ќе спречи голем број он-лајн обиди за мешање во изборите и ќе ги осуети обидите на Претседателот Трамп да создаде наратив, на пример, дека потенцијалниот успех на демократите (како што излегуваат резултатите на гласањето преку пошта) е лажиран.
Не само што најголемиот дел од демократите и републиканците ја поддржуваат идејата за гасење на социјалните мрежи на неделата на изборите, туку за тоа има и примери низ светот. Во Франција има изборен молк на 44 часа пред изборите, во Британија медиумите не смеат да ги покриваат изборите додека гласачките места се отворени, а во голем број држави има изборен молк кој трае од еден до 10 дена пред изборите.
Пред изборите во САД, ваквиот молк би спречи серија проблеми - од лажни тврдења каде и кога може да се гласа, до заплашување на гласачи, насилства врз гласачи места, и други шеми кои веќе се случија изминативе недели. Овие бенефити се далеку поголеми од какво било добро што би можело да се очекува од ласт-минит кампањите за излегување на гласање, бидејќи лагите далеку побрзо патуваат преку социјалните мрежи отколку вистината.
Паузата од социјалните мрежи исто така е неопходна и веднаш по изборите. Вечерта на изборите 2016 Фокс њуз имаше 12,1 милион гледачи. Во исто време приватниот профил на Трамп на Твитер има 87 милиони следбеници, а службениот (на претседателот на САД) има над 31 милион. Да, Фокс њуз ќе продолжи да труби. Но замолкнувањето на социјалните мрежи нема да му дозволи на претседателот да стигне до десетици милиони луѓе со лажни тврдења за победа или за изборен грабеж. Одземањето на неговата најгласна труба ќе им дозволи на независните бројачи на гласови да ја завршат својата работа непречени.
Првите луѓе на најголемите социјални мрежи ќе кажат дека ако тие се стават на пауза, тоа ќе го отвори патот за нови конкуренти. Меѓутоа најголемиот конзервативен конкурент на Фејсбук, Парлер, има само неколку милиони корисници. Најголемиот дел од гласачите не ни знаат дека тој постои. Плус, губење на неколку милиони профили е обична сметководствена грешка во однос на 2,7 корисници на Фејсбук.
Не само што молк на социјалните мрежи ќе ги подобри шансите за непристрасни избори, тоа ќе биде и во интерес на платформите. Гасењето на неколку дена е единствениот начин на кој тие можат практично да ги одржат тврдењата за неутралност. Секој друг потег што ќе го направат ќе биде критикуван од една или двете политички партии како овозможување дезинформации и цензурирање на правото на говор. Повлекување од оваа ситуација не ги решава перманентно проблемите, ама молкот на социјалните мрежи е најдобра краткорочна опција.
Во крајна линија, молкот е и во долгорочен интерес на социјалните мрежи. Замисли ако наместо тоа му овозможат на Трамп да ги украде изборите. Дали мислиш дека свежо осилениот авторитарен лидер ќе ги помилува нив финансиски или ќе им избрише милијарди долари пазарна вредност? Осилен Трамп нема да има никакви дилеми околу напаѓањето на нивната „неутралност“ на секој може начин.
Гасење на неколку денови ќе заврши многу повеќе работа отколку кој било нивен сегашен напор на мониторирање и забранување политички реклами. Постојните идеи се чекори во прав правец но се неадекватни во однос на она што може да се изгуби на овие избори.
Јавноста треба да ги повика првите луѓе на социјалните мрежи да го разгледаат влогот што е во прашање и да се одлучат на најадекватното решение - привремено да ги запрат нивните платформи. Најголемиот број пристојни луѓе, во еден момент, размислуваат за својата оставштина. ЦЕО-та на социјалните мрежи треба тоа да го направат сега.