Биотехнолошки вишок

Каква било анкета која нуди каква било алтернатива на тврдењето дека „секој живот е битен“ во суштина е злосторничка. Дека „од нешто мора да се умре“ е фантастична егзистенцијалистичка одбрана на секој убиец со калашњиков и на секој фанатик опашан со експлозив; дека не е нужно оти „секој живот е битен“, разумно тврдеа Хитлер и Пол Пот.

„Јас ја разбирам вашата желба вашите предци да живеат што подолго, но сметате ли дека е нормално цела држава со месеци да биде парализирана и во карантин за некој дедо или прадедо да живее ден, недела, месец или година дена подолго?“

Оваа веќе фамозна изјава на пратеникот и некогашен претседател на Жив ѕид, не би била вредна за ништо повеќе од шлаканица ако таканареченото мислење на Пернар не го делат добар број млади, непензионирани граѓани, оние на чиј грб живеат пензионираните, барем во либерално-економските статистики кои пензионираните ги бројат само по грб на вработен, како тие паразитски баби и дедовци да не уплаќале во пензионерските и здравствените фондови целиот свој работен живот. Вака економски неписмен, јас би се заколнал дека тие фондови исклучиво служат за тоа, еден ден, истомислениците на Пернар - кога од директорот на фиормата ќе добијат букет цвеќе и позлатен часовник а од комшијата некој егзотичен вирус - да имаат пензија, болнички кревет и респиратор. 

На таа работа, впрочем, со години предупредува еден млад и агилен саборски пратеник кој еднаш, на Меѓународниот ден на старите лица, грлото си го одра објаснувајќи во парламентот како токму хрватските сениори и пензионери се најсиромашните и најобесправени во целата ЕУ - жртви на политичките елити, менаџерите на пензиските фондови, Светскиот монетарен фонд, завера чија крајна цел е елиминација на старите како биотехнолошки вишок. Дека се работи за истиот Иван Пернар може да биде изненадување само за политички имбецили какво што е и самиот тој. 

Пернар, меѓутоа, не се гаси. „Нормално ли е сите ние млади со месеци да сме во кафез заради оние кои со една нога се во гроб?“, прашува тој повторно по што поставува анкета во која ги повикува граѓаните да бираат и да се изјаснат за една од двете тврдења: „Секој живот е битен“ и „Од нешто мора да се умре.“ Каква било анкета која нуди каква било алтернатива на тврдењето дека „секој живот е битен“ во суштина е злосторничка. Дека „од нешто мора да се умре“ е фантастична егзистенцијалистичка одбрана на секој убиец со калашњиков и секој фанатик опашан со експлозив; дека не е нужно оти „секој живот е битен“, разумно тврдеа Хитлер и Пол Пот.

Конечно, по што животот на 35 годишниот Иван Пернар е побитен од животот на некој болен 80 годишен пензиониран електричар од Валпово? Вториов уште знае и стигнува на комшијата да му го поправи бојлерот, со што за светот прави многу повеќе отколку што ќе направи Пернар за целиот свој беден живот. 

Имбецилот потоа јавно се курчи со потпишување шеретска изјава за доброволно откажување од респиратор во случај на зараза од ковид-19. Му се може, нормално, бидејќи знае дека во случај на зараза ќе го лечат без вишок, особено шеретски прашања и дека ниеден доктор нема за Фејсбук да снима шеговит „лајв“ со коматозен Пернар покрај нераспакуван германски респиратор. Бидејќи самата смисла на системот е дека право на иста лекарска грижа имаат и пензионери со пет дијагнози и млади без ниедна, и дека тоа право, без разлика, го имаат и разумните луѓе и лајавите популистички имбецили.

Овде и онака не се работи за лајав популистички имбецил туку за појава, која светската пандемија на ковид-19 ни ја спружи во елементарен, вулгарен облик: прашањето за човечкиот вишок.

Ако веќе се оди на елиминација на биотехнолошкиот вишок, оние младите - чисто економски, да не ме разберете погрешно - со нивниот капацитет за експоненцијално размножување, се многу поопасни. Конечно, добар дел од пензионерите, со својот одработен животен век, им овозможиле и школување и живот па и кафезите во кои несреќниците се заробени и во кои не живеат само „со месеци“ туку и по некоја деценија подолго. Ако, конечно, во општеството и има економски понеупотребливи и побескорисни од Иван Пернар и неговите истотаканареченимисленици, општествено поштетни богами и нема.

Јас ја разбирам нивната желба младешки да се курчат, но сметате ли дека е нормално нечиј дедо или прадедо да живее ден, недела, месец или година дена пократко, само Иван Пернар да биде надвор од кафезот?

Борис Дежуловиќ

19 мај 2020 - 12:22